Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Трговските објекти во недела ќе може да работат една смена, а работниците ќе добиваат дупла дневница

0
By Нова ТВ on May 5, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во изминатите неколку години трипартитниот дијалог помеѓу синдикатите, организациите на работодавачи и Владата е подигнат на навистина високо ниво, се отвора широка дискусија за секое прашање важно за работниците и компаниите и се носат решенија коишто се во интерес на сите засегнати страни, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, а како еден од примерите за креирање на најсоодветно решение преку дискусија го посочи решението околу „недела – неработен ден“.

Битиќи, гостуваше во емисијата „24 отворено“ на Телевизија 24, каде што за актуелните прашања поврзани со работничките права и работните односи дискутираше со претседателот на Сојузот на синдикати Дарко Димовски, претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.

-Во кревко општество веројатно е проблематичен дијалогот и  тоа го немавме пред некоја година. Мислам дека сега треба да нагласиме дека трипартитниот дијалогот во Економско-социјалниот совет помеѓу синдикатите и работодавачите е на навистина високо ниво. Разговараме за секое легитимно право, дали е на работниците или на работодавачите и отвораме било која тема, дали е тоа системски закон за работни односи или е друг закон. Како Влада се обидуваме да направиме некој баланс помеѓу барањата на синдикатите и работодавачите. Морам да признам дека сме на добар пат, но се уште имаме пат да изодиме, рече Битиќи.

Околу Законот за работни односи, за „недела – неработен ден“, посочи, имавме навистина долга дискусија.

-Од првиот ден кога ја отворивме дискусијата за недела-неработен ден, кажавме дека тоа ќе биде направено на консултативен начин, помеѓу синдикатите и работодавачите, затоа што не можете да направите системска промена, којашто бара промена во однесувањето на сите во општеството, без притоа да ги прашате клучните чинители. Заедно со синдикатите и со Организацијата на работодавачи ги дефиниравме исклучоците за компании кои би работеле во недела, објасни вицепремиерот.

Додаде дека со законското решение за „недела – неработен ден“ кое е поставено на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), е јасно утврдено кои се исклучоците за кои е дозволено да работат во недела, а по разгледување на сите коментари ќе биде предложено во собраниска процедура.

-Нема да работат трговските објекти насекаде, на угостителските објекти ќе им се дозволи да работат во недела со одреден временски период, ќе им се дозволи според Законот за трговија на одредените дејности во трговија, во трговските центри, притоа морам да нагласам дека ќе се лимитира времето на работење, само во една смена од 10-18 часот, а притоа ќе плаќаат дополнително давачка за работењето во недела. Таа дополнителна давачка е до 2 отсто од приходот заработен во неделата и таа давачка ќе оди наменски за градење на детски градинки. Дополнително, оние работници кои ќе работат во трговски центри, во недела, ќе добиваат 100 проценти повисока дневница. Направивме еден модел заеднички во економско-социјалниот совет,  во којшто дозволивме и да се работи, затоа што мораме да се грижиме за економијата, но исто така работниците да си уживаат одредени права, рече Битиќи.

Вицепремиерот го до објасни концептот при што спомена дека во недела ќе биде дозволено да работат трговците поединци, коишто самите го дефинираат работното време и притоа самите ќе ги извршуваат работните обврски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Токио: Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.