Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битолчанец преку прилепска пошта праќал заканувачки писма до една амбасада во Скопје и до обвинителите Русковска и Јовески

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по  член 144 став 3 од Кривичниот законик, информира МВР.

Станува збор за заканувачот кој, како што објавивме претходно, бил приведен поради закани кон обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска, како и кон една амбасада во Скопје.

„На 11 декември 2021 година пријавениот С.З., преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, додека на 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Вилма Рускоска. Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија. Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со навистинити генералии“, се вели во соопштението од МВР.

Веднаш по добиените пријави полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност презеле мерки и активности за расчистување на случајот.

„Врз основа на издадени наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З.. При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап-топ компјутер и предмети поврзани со кривичното дело“, вели МВР.

С.З. е лишен од слобода и во полициската станица во Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од С.З. и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма.

С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното обвинителство.

закани обвинител полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.