Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битолските независни советници ја демантираа лажната вест за градоначалничката Петровска

0
By Нова ТВ on February 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За првпат по три години откако е на власт градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, реши да тужи за лажна вест и да бара демант за навреда и клевета. Фејсбук групата „Битолски проблеми“, чии администратори се независните советници во Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски, сепак го објавија демантот на битолчанката која на 10 декември лани изнесе невистини за градоначалничката Петровска, а потоа на Фејсбук се извини.

Демантот се однесува на објавен статус дека за градоначалничката која беше хоспитализирана по заразата со Ковид-19 се испразнил цел спрат на Инфективното одделение во Битола за сама да лежи.

Барањето за демант до советниците го упатил адвокатот на градоначалничката Петровска кој се повикува на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда.

Во барањето за демант испратено до Илиевска и Чулакоски пишува дека на 10 декември 2020 година на групата „Битолски проблеми“ на која тие се јавуваат како администратори, бил објавен текст од лицето Д.Џ. дека на Инфективното одделение се преместувале пациенти со Ковид-19 со изговор дека се реновира, а всушност се ослободил целиот спрат за да лежи сама градоначалничката на Битола, што, вели, било срамота.

Следниот ден, пишува во барањето, ова исто лице објави текст на својот ФБ профил, во кој во целост се извинува за она што го напиша и соопшти дека тоа било невистина. Адвокатот побара, како што се објавила првата вест на „Битолски проблеми“, така да се објави и демантот од личноста, кој претходно администраторите не го објавиле.

Така на „Битолски проблеми“ беше објавен демантот од битолчанката која ја објави лажната вест како и барањата на адвокатот на Петровска до советниците. По ова администраторите коментираа. Советникот Чулакоски напиша „Нате, кажи му на адвокатот дека ти напишавме мејл да нѐ не тужи во меѓувреме ќе нѐ испотреси, свеста ќе ни ја земи“, по што следуваат знакови со емоции за смеење. Илиевска, пак, напиша – „Друштво, отсега ако можи во нашата Фб група која брои 12.000 членови, само убо да пишите за функционерите од власта. Кажвајте му колку се спремни, способни, вредни, дека ако не беа тие градо ќе пропаднеше. Пишете само убај работи за да не се замарат со нас околу тужби, напишани од адвокат кој е платен од пари на општината( која е на сите нас). Можи ако не им одземаме внимание ќе сработат нешто“.

Советникот Чулакоски за „Независен“ вели дека како администратори на групата „Битолски проблеми“ не сносат одговорност за текстовите и ставовите објавени од страна на нејзините членови.

„Во претставката која ја добивме од страна на адвокатот на Наташа Петровска беше побарано демантот од лицето објавен на личниот профил да биде објавен и во групата ‘Битолски проблеми’. Поради тоа што сме поинакви и демократи демантот беше веднаш објавен, а не по месец и половина како што беше објавено во некои медиуми, по што тоа беше препратено и на официјалниот меил на Петровска. Во секој случај претставката која беше поднесена до нас не е соодветна, бидејќи секој член во групата сноси одговорност за своите искажани ставови“, смета тој.

Како што објавивме во декември битолчанката Д.Џ. на нејзиниот ФБ профил ја објави лажната вест: „Се извинувам за статусот од синоќа во кој изнесов невистини за градоначалничката Наташа Петровска и предизвикав лавина од невкусни коментари од кои се згрозив самата! Немав никакви лоши намери, едноставно бев понесена од лажни информации! Уште еднаш ѝ се извинувам на градоначалничката и ѝ посакувам што побрзо оправување!“

По ова веднаш се огласи и Клиничката болница велејќи дека нема привилегирани пациенти и дека секој пациент се третира еднакво и со истите достапни лекови од протоколите, од истиот персонал кој што работи во Ковид центарот во Битола.

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.