Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бизнисот бара ревидирање на мерките, ова се нивните предлози

0
By Ivana on August 27, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Угостителите и туристичките работници реагираат за рестриктивните мерки што ги донесе Владата по препорака на Комисијата за заразни болести

Вчера се пожалија и трговците. Укажаа дека трговските центри се речиси празни, дека нивната посетеност во споредба со минатиот месец е намалена за 60 отсто, како и дека бележат пад на прометот за 40 проценти.

Бизнис секторот укажува дека мерките се преостри, дека се донесени без најави, но и без консултации со нивни претставници.

Според трговците, можеби треба да се размисли за нова мерка – посетителите во затворените молови да влегуваат со негативен брз тест, како во поголемите европски земји. Во спротивно, ако мерките не се ревидираат, дуќаните ќе почнат да размислуваат за клуч на врата.

-Максимално ги поддржуваме напорите на институциите да се изборат со вирусот, но сметаме дека мерките се остри. Само за еден месец приходите на продавниците се намалени за 30 до 49 проценти, а токму тие вложија големи напори да ја одвиваат својата работа по прописи. Можеби треба да се најдат други начини кои би ги охрабриле граѓаните да се вакцинираат или да овозможат брзи тестови со ниски цени, реагираа од Сити Мол и како пример ги посочија земјите во регионот каде нема ограничувања за влез во трговските центри.

Трговските центри, како што посочија, не може да сносат вина за ниските стапки на вакцинирање од една страна, и за масовноста и агресивноста на делта-сојот и сѐ поголемите бројки на заразени, од друга страна.

Пред два дена реагираше и Стопанската комора за туризам (СКТМ), предупредувајќи дека новите КОВИД-мерки ќе го усложнат патувањето и ќе го отежнат престојот на македонските граѓани во странство. Комората побара измена на условите за влез во државата – на македонските граѓани кои ќе бидат упатени во домашна изолација да им се дозволи во рок од 24 часа да извршат тестирање во домашна лабораторија и доколку имаат негативен резултат да бидат ослободени од самоизолација.

Ваквото барање е доставено до министерствата за здравство и за економија.

– Напоменуваме дека во светот се реализираат голем број патувања во многу дестинации и дека со почитување на досегашните протоколи (одржување физичка дистанца, носење заштитна маска и хигиена) во многу туристички дестинации непречено и безбедно се одвиваат економските активности. Се надеваме и очекуваме одговорните институции да го прифатат нашиот предлог и да го олеснат патувањето на нашите граѓани во странство, односно враќањето во матичната земја, наведе СКТМ.

Стопанската комора на Северна Македонија, пак, достави седум предлог-мерки за поддршка на туристичко-угостителскиот сектор до кабинетите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министрите за економија и за здравство, Крешник Бектеши и Венко Филипче. Комората минатата недела официјално побарала и работна средба со Битиќи, Бектеши и Филипче на која би станало збор за функционалноста на компаниите кои ги спроведуваат и почитуваат мерките, но и за други, дополнителни мерки, односно за проширување на актуелните. Треба да се овозможи, смета Комората, предвидливост во периодот што следува, особено за угостителството и туризмот.

Во однос на реакциите, конкретен став соопшти Битиќи, но само за угостителите. Донесената одлука, рече, е по препорака на Комисијата за заразни болести.

-Препораката на Комисијата за заразни болести беше единствениот критериум за владината одлука да се дозволи угостителските објекти повторно да можат да работат во затворените простори со 30 отсто од капацитетите. Ние ги следиме упатствата на Комисијата и секоја нејзина препорака се разгледува на Главниот кризен штаб и на Влада и потоа, се носи како одлука. Не можам да кажам која е епидемиолошката причина зошто тоа се дозволи, но тоа беше препорака од Комисијата за заразни болести и така се постапи, рече Битиќи.

бизнис мерки угостители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.