Ирак би можел да се побуни против падот на Садам Хусеин доколку не постоеше инвазијата, и ситуацијата ќе беше полоша отколку во Сирија, изјави поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер.
Запрашан дали жали за одлуката британските војници да бидат вклучени во мисијата во Ирак, Блер рече: “Како може да се жали за отстранување на чудовиштето кое предизвика голем масакр”.
Блер го одржа говорот по повод одбележување на 10 годишнината од инвазијата на САД со Велика Британија и други земји врз Ирак. Инвазијата почна на 20 март 2003 година. што предизвика војна во Ирак
-Како можам да жалам за некој кој е чудовиште, кој вршел колење меѓу својот народ, но исто така и врз луѓето од регионот”, додаде Блер.
Тој истакна дека Хусеин употребувал хемиско оружје против својот народ и затоа кога луѓето ќе го прашаат дали жали за неговото отстранување тој вели “не”.