Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блесок: Промоција на Собрани драми од Срѓан Јанакиевиќ

0
By Нова ТВ on June 3, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под мотото „За да ви се преврти умот. Нежно како ракавица“, издавачката куќа Блесок ќе ја промовира книгата собрани драми од Срѓан Јаниќијевиќ „Купидона и други драми“ на 4 јуни во 21:30 во МНТ, во рамките на Меѓународниот театарски фестивал. На оваа промоција со пеење и глума ќе учествуваат петнаесетина актери и пејачи, а промоцијата ќе продолжи со забава со DJ Новоградска. Влезот е слободен.

Веднаш по промоцијата, книгата ќе биде објавена и во електронски формат.

Книгата драми од Срѓан Јаниќијевиќ (како и претходните две, од Слободан Шнајдер и Биљана Србљановиќ) ја приреди проф. д-р. Јелена Лужина која во предговорот, меѓу другото, вели:

Кажано сосема поедноставено: драмата е дејство што сега – токму сега, додека ние гледаме! – интензивно го извршуваат неговите ликови. Кои, за да дејствуваат, мора и да се движат, и да зборуваат, и да размислуваат поинаку од „хартиените“ прозни субјекти.

За да ги направи такви, да ги задоволи овие важни предуслови, драмскиот автор мора успешно да ги совлада трите клучни занаетчиски вештини: поинаку да го обмисли/структурира самото дејство, прецизно да ги дефинира ликовите што тоа дејство ќе го „одработат“ и – можеби најважно – на тие ликови да им ги напише конзистентните и ефикасни реплики кои навистина ќе бидат драмски/дејствени а не литературни/раскажувачки.

Јаниќиевиќ се вбројува во она драгоцено малцинство македонски драматичари кои сите три вештини ги владеат беспрекорно. Таквите обично ги нарекувам „драматичари со тешка рака“.

Само таквите умеат а) да мислат бргу, б) во лет да смислуваат акции (дејства) што ќе бидат очудени, изводливи и функционални дури и тогаш кога ќе мораат да се редуцираат само на неколкуте најбитни мигови, в) прецизно да ги профилираат ликовите кои ќе бидат лесно препознатливи, впечатливи и дејствено ефикасни, г) на тие ликови да им „обезбедат“ директни и јасни реплики, артикулирани во кратки и брзи реченици и д) сето ова да го „потурат“ со важни и точно дозирани количества хумор, иронија, тага, радост, критичност, цинизам, откаченост, мудрост, лудост…

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.