Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Блинкен до Абас: Белата куќа поддржува опипливи чекори кон создавање палестинска држава

0
By Marija Todorovska on January 10, 2024 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен при денешната посета на Рамала, како дел од напорите за прекин на војната во Газа, на претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, му соопшти дека Белата куќа поддржува „опипливи чекори“ кон создавање палестинска држава, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Тајмс оф Израел“ пренесува дека Блинкен го повторил долгогодишниот став на Вашингтон дека палестинската држава мора да стои крај Израел и дека двете страни треба да живеат во мир и безбедност.

Блинкен забележал „зголемена нестабилност“ на Западниот Брег, каде дојде до бран терористички напади против Израелците и засилени операции на израелските одбранбени сили (ИДФ) за уништување на Хамас и другите милитантни групи.

Исто така, забележа тој, има зголемување на насилството на доселениците врз Палестинците.

На средбата во Рамала, претседателот Абас истакнал дека Газа е составен дел на палестинската држава и не треба да биде отсечена како резултат на војната на Израел со Хамас, се наведува во официјална изјава објавено од палестинската агенција ВАФА.

Абас кажал дека Палестинците не смеат да бидат раселени од Газа или окупираниот Западен Брег и дека има ограничена моќ по расколот со Хамас во 2007 година, пренесуваат британските медиуми.

Тој повика на „свикување меѓународна мировна конференција за да се стави крај на израелската окупација на палестинската земја, со источен Ерусалим како главен град, а со тоа да се постигне мир и безбедност за сите“, објави ВАФА.

Абас Блинкен Палестина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.