Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Близу 13 милиони евра за култура во 2013

0
By on January 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2013 година со 791 милион и 406 илијади денари или близу 13 милиони евра од Буџетот ќе се финансираат издавачка дејност и литература, филмски фестивали, електронско издаваштво, фолкорна и сценско-уметничка-дејност, национални установи, музичко сценска дејност, музејска дејност, библиотеки, центри за култура, организации од областа на културата, инвестициско и техничко одржување на објекти и опрема за културата во државна сопственост, потоа сектор за меѓународна соработка и соработка со УНЕСКО и други корисници. 

Македонската опера добила средства за премиерите на оперите „Фауст“, „Хофманови приказни“, „Атила“, „Свирачот на покривот“.

Во Македонски народен театар од Скопје премиери се „Мајсторот и Маргарита“ во режија Иван Поповски,„Сина птица“ во режија Златко Славенски, „Вујко Вања“, режија Зоја Бузалковска, „Неподнослива тешкотија на умирањето“ ‐ автор Ана Ристоска, режија Нела Витошевиќ.

Во Драмски театар ќе се подготвуваат премиерите: „Кирил и Методиј си одат дома“ од Горан Стефановски во режија на Александар Поповски, „Чија си“ во режија Љупчо Ѓорѓиевски, „Живот во тесни чевли“ од Душан Ковачевиќ во режија Ненад
Витанов и „Евридика“ во режија Нина Николиќ.

Во битолскиот театар ќе режираат Никита Миливојевиќ, Ѕвезда Ангеловска, Мартин Кочовски и Сашо Миленковски. Во Театарот за деца и млади Владимир Милчин ќе ја постави претставата „Нашиот клас“. Две претстави ќе поставува режисерот Срѓан Јанаќијевиќ – во Турски театар и во Театарот за деца и млади.

Инаку, сите институции од културата и издавачки куќи добиле средства за финансирање на нивната годишна програма според одлуките на комисиите на Министерството.

Вкупниот буџетот за 2013 година на Министерството за култура е 3.561.447.000 денари и е  19,1 проценти поголем од минатогодишниот кој изнесуваше  2.989.616.000 денари. Програмските средства од годинашниот буџет се во висина од 791.460.000 или близу 13 милиони евра и во однос на 2012, кога изнесуваа 762.764.000 денари, се поголеми за 3,7 отсто.

Во издавачката дејност се поддржани 489 проекти (313 дела, 83 преводи, 15 електронски изданија, 37 програмски активности на здруженија, пет манифестации) од 1.320  пријавени.
Од областа на драмската дејност, во програмата за 2013 година се поддржани 101 проект: 44 се на професионалните театри (43 премиери и едно гостување), 18 независни и алтернативни проекти во девет општини, 20 фестивали и манифестации во 12 општини и 19 аматерски претстави во 17 општини.

Покрај 13-те  театарски фестивали кои досега добиваа поддршка од Министерството за култура, годинава ќе бидат поддржани и три нови фестивали –  „Битола Шекспир фестивал“, во организација на Народен театар-Битола, Театарски фестивал за деца и младинци „Малиот принц“ во Штип, кој ќе го организира   НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ од Штип, Интернационален детски фестивал „Сонот на облачето“ во Скопје, во организација на Граѓанската асоцијација за мултимедијална театарска уметност, креативност и култура „Сенки и облаци“, како и Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас“ на Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница.

Во Програмата се опфатени и субвенционираните проекти од музичко-сценска, музејска, ликовна и галериска, библиотечна  дејност,  проекти од заштитата на културното наследство, меѓународна соработка… 

Од буџетот за 2013-та се предвидени средства за меѓународна презентација –  Третата верска конференција во Охрид, претставување на македонската култура во Марсеј, кој е европска престолнина на културата,  одржување на Денови на македонската култура во Шведска и во Холандија, претставување на Биеналето на ликовни уметници во Венеција и за други меѓународни активности.

Оваа година е најавено отворање на Стариот театар во Скопје, а ќе продолжат и активностите за изградба или реконструкција и санација на објектите на неколку национални установи  од културата. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.