Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бочварски за МИА: Да не дозволиме главното урбанистичко биро да биде на Илинденска, туку кај архитектите

0
By Нова ТВ on September 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повторно актуализирање и промени на предложениот закон за легализација на дивоградби што е во собраниска процедура низ разговори со пратеничките групи и сите заинтересирани страни, најавува новиот министер за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за МИА.

– Законот е веќе во собраниска процедура, односно тоа е истиот закон што е поднесен. Во моментот кога Собранието ќе го актуализира  Министерството ќе биде подготвено да разговара со сите пратенички групи и сите заинтересирани страни секако на крајот на денот во оваа парламентарна демократија да се донесе закон којшто ќе го регулира делот на бесправо изградените објекти. Но, сè она што е изградено во заштитени зони на охридското крајбрежје и станбените згради со намена А2 нема да биде предмет на легализација со овој закон. Ова е една заштита за да се запрат таквиот тип злоупотреби. Законот е далеку порестриктивен од претходниот и има момент на казнивост од повеќе аспекти, вели Бочварски.

Аспектот на дивоградбите, укажува, не треба да се гледа единствено од оваа страна според законот за третман на бесправно изградени објекти, туку и со инспекцискиот надзор.

Министерот за транспорт потенцира дека со новиот Закон за урбанистичко планирање се регулираат состојбите за да не се дозволи, како што вели, главното урбанистичко биро да биде на Илинденска, во министерствата или општините, туку онаму каде што  треба – кај архитектите и планерите, да помине и низ каналите на локалната самоуправа и јавноста.

Апелира секогаш да се внимава на законитоста бидејќи, укажува, многу често заглавените предмети имаат и одредени пропусти и проблеми што апсолутно не смееме да дозволиме да се случат.

– Објектите од втора категорија што во најголем дел се градат во државата се во ингеренции на општините, а за тие од прва категорија Министерството за транспорт и врски и овој аспект секако е многу  важен за мене за надградба на Министерството со капацитет и кадар бидејќи и тука недостасува квалитетен кадар за кој веќе разговарав и со службите и разговарам со луѓе кои се подготвени тука да дадат своја поддршка. Се работи за инженери и архитекти кои се подготвени да бидат од помош и да дадат свој придонес во Министерството, вели Бочварски.

Во интервјуто зборува и за реализацијата на капиталните проекти, ветува фокус на изградбата на автопатот Кичево – Охрид, каде иако има работи на терен не е според посакуваната и планираната динамика со оглед на тоа што треба да се одобрат инфраструктурни проекти и да се работи на експропријација на земјиштето.

Зборува и за плановите за откочување на изградбата на железничката делница Куманово – Бељаковце, а најавува и преселба во новиот објект на Министерството за транспорт откако ќе заврши техничкиот приемр, за што веќе е формиран тим од овој ресор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.