Ивица Боцевски ќе биде нов македонски амбасадор во Шведска, Фадил Зендели ќе замине во Данска, а Веле Трпевски ќе ја претставува Македонија во Албанија, дознаваме неофицијално до владини извори, објави Слободен печат.
Овие тројца кандидати поминале на владина седница, но според процедурата, официјално ќе бидат објавени откако ќе добијат агреман, по што ќе треба да ги бранат тезите и пред собраниската Комисија за надворешна политика.