НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бод како планина: Македонија ремизира со европскиот првак Германија

1
By Нова ТВ on January 17, 2018 СПОРТ
Фото: Ројтерс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија одигра 25-25 против Германија во рамки на третото коло во Групата Ц на Европското првенство во Хрватска.

Со ова реми нашата репрезентација во следната главна фаза во Вараждин ќе пренесе три бода и ќе има сериозни шанси за висок пласман на овој континентален турнир.

Тренерот Раул Гонзалес по натпреварот изјави дека е горд од тоа какви бевме на терен.

„Јас сум многу задоволен играчите дадоа сè од себе. Одигравме одличен натпревар. Имавме притисок да бидеме први, но сега засега сè е супер. Верувам дека утре ќе биде подобро. Задоволен сум од тоа како изиграа момците. Чудно ми е што успеавме против голема репрезентација како Германија да оствариме и реми. Очекувам позитивен резултат и со Чешка. Играчите се уморни ама треба да уживаме во ова што го остваривме. Јас сум горд како одиграа ракометарите на теренот“, изјави Раул Гонзалес по мечот со Германија.

Капитенот Кирил Лазаров по ремито против Германија истакна дека нерешениот исход е голем за нашиот национален тим и потенцира дека сите соиграчи стојат зад Столе Стоилов и му ја даваат комплетната поддршка за промашувањето во последниот напад на Македонија.

„Можеби требаше да победиме еден разлика, но овој реузлтат е супер. Одигравме реми со големата Германија, европски првак. Одигравме многу квалитетен натпревар, но промашивме многу изработени зицери, што ни се случуваше и во претходните средби. Има место за подобрување. Во Вараждин одиме без пораз, остануваме во игра за се. Одиме чекор по чекор. Веруваме во нас, имаме добра хемија, добра атмосфера, му дадовме поддршка и на Столе, тоа секому може да му се случи. Брзавме во последните напади, но резултатот е одличен, верувајте. Ги добивме и младите како Велковски, Пешевски, Поповски, Талески, Кузмановски… треба да се надградуваме само и да растеме од натпревар во натпревар“, изјави Лазаров.

Борко Ристовски со своите одбрани имаше голем удел во овој позитивен резултат на Македонија. Ристовски потенцираше дека Македонија е кадарна да се носи со најдобрите ракометни репрезентации, а тоа го докажа и вечерва против актуелниот Европски првак.

“Тоа го говорам уште првиот ден изминативе 15 години. Мислам дека дојдовме на ЕП подготвени за се, за сите можни сценарија и мислам дека играме еден турнир на многу високо ниво. Кажав дека на самиот старт не го дадовме максимумот од сите нас, дека ова е само почетк на онаа нагорна форма во која сите ќе влагаме полека но сигурно. Треба да сме сите среќни, кажав и претходно, треба сите да научиме и вие новинарите и ние да уживаме во сите овие победи, и не треба воопшто да бараме кој е најдобар а кој најлош. Верувајте дека одма би ја дал наградата за најдобар играч на натпреварот во замена за два бода од него. Треба да биде позитивна атмосферата, ќе дојде период и кога ќе губиме и треба да бидете вие позитивни кон репрезентацијата. Македонија победува, радувајте се сите и оставете не на мир да се одмориме овие наредни денови”.

Дејан Манасков не го криеше задоволството од перфектниот настап на репрезентацијата и освојувањето на првото место во групата.

„Ова е одличен резултат. Супер е . Први сме во групата. Пресреќен сум од она што го направивме овде во Загреб. Можеше да се случи се на оваа средба. Пред натпреварот Кире рече дека ако некој ни даде бод против Германија ќе потпишеме. Одиме со три бода во втората фаза, па што ќе биде нека биде таму“, изјави Манасков.

На вечерашниот натпревар Филип Талески со шест голови беше најпрецизен во таборот на Македонија.

– Заслуживме да победиме, но што е тука е, први сме во групата. Првпат сме во ваква ситуација, да пренесеме бодови во наредна фаза – рече Талески по натрпеварот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.