Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богатите Руси бегаат во Дубаи за да избегнат санкции

0
By Соња Крамарска on May 5, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дубаи станува рај за богатите Руси кои бегаат од западните санкции поради војната во Украина. Руски милијардери и претприемачи пристигнуваат во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) во невиден број, пишува Би-Би-Си. Купувањето имот во Дубаи од страна на Русите се зголеми за 67 отсто во првите три месеци од 2022 година.

ОАЕ не воведоа санкции кон Русија ниту ја критикуваа нејзината инвазија на Украина. Исто така, обезбедуваат визи за Русите кои не се санкционирани, додека многу западни земји ги ограничија. Се проценува дека стотици илјади луѓе ја напуштиле Русија во последните два месеци – иако точните бројки не се достапни.

Руски извори велат дека дури 200.000 Руси заминале во првите 10 дена по почетокот на војната.Фирмата Virtuzone, која им помага на компаниите да започнат операции во Дубаи, јавува за огромен наплив на руски клиенти.

„Добивме пет пати повеќе барања од Русите од почетокот на војната“, рече извршниот директор Џорџ Хоџиге. „Тие се загрижени за економскиот колапс што доаѓа. Затоа се селат овде за да го обезбедат своето богатство“, додаде тој.

Приливот на руски државјани ја засили побарувачката за луксузни вили и апартмани низ Дубаи. Агентите за недвижности известуваат за пораст на цените на имотот, бидејќи Русите кои пристигнуваат во Дубаи бараат да купат домови.

Агенцијата за недвижности Betterhomes со седиште во Дубаи откри дека купувањата на имот од Руси се зголемени за две третини во првите три месеци од 2022 година.

И друга агенција за недвижности, Modern Living, изјави за Би-Би-Си дека ангажирала многу агенти кои зборуваат руски за да се грижат за зголемената побарувачка. Главниот извршен директор Тиаго Калдас рече дека добивале бројни повици од руски државјани кои сакаат веднаш да се преселат во Дубаи.

„Русите кои доаѓаат не купуваат само за да ги инвестираат своите пари, туку го гледаат Дубаи како втор дом“, рече тој.

Многу мултинационални компании и руски старт-ап, исто така, ги преместуваат своите вработени во Обединетите Арапски Емирати. Глобалните фирми како Goldman Sachs, JP Morgan и Google кои ги затворија канцелариите во Русија, исто така преместуваат дел од своите вработени во Дубаи.

На руската централна банка и е забрането да користи милијарди девизни резерви кои се чуваат во странство во странски банки. Некои руски банки се отстранети од системот за финансиски трансакции swift.

За да ги заштити своите резерви, руската влада воведе капитални ограничувања и им забрани на граѓаните да излезат од земјата со повеќе од 10.000 долари во странска валута. Поради тоа што е тешко да се префрлат готовина, многу руски купувачи вршат плаќања во криптовалути. Некои од купувачите имаат посредник кој ќе го преземе плаќањето во крипто, а потоа ќе му ја предаде готовината на продавачот во име на купувачот.

Земјите од Персискиот залив, вклучувајќи ги ОАЕ и Саудиска Арабија, ги игнорираа повиците на западните влади да воведат санкции кон Русија. Абу Даби беше една од трите земји, заедно со Кина и Индија, кои беа воздржани на гласањето во Советот за безбедност на Обединетите нации во февруари за осуда на руската инвазија на Украина. Зголемувањето на руските инвестиции доаѓа само неколку месеци откако ОАЕ беа ставени на „сивата листа“ од Работната група за финансиска акција (ФАФТ), глобално тело за надзор на финансискиот криминал. Тоа значи дека земјата се соочува со зголемен мониторинг на нејзините напори да се спротивстави на перењето пари и финансирањето на тероризмот. (Би-Би-Си)

Дубаи руски милијардери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.