Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Богоевски: Во „груевизмот“ илјадници луѓе ги изгубија своите права

0
By Нова ТВ on April 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата ќе ги направи се низ постојните законски решенија и закони да ги направи достапни сите докази што ќе се користат за реотварање на постапките за случаите на политички прогон, изјави заменик министерот за правда Оливер Ристовски на денешната конференција „Како до правдата“.

– Сите сме свесни што се случуваше во изминатите 10 години во Република Македонија. Голем притисок врз судството и врз јавното обвинителство, придонесе денеска да сме тука. Сето ова беше констатирано во сите извештаи на меѓународната заедница, изјави Ристовски.

Посочи дека Министерството за правда се раководи од сите релевантни извештаи, дека изработило национална стратегија за реформи во правосудството и ќе настојува за темелна реконструкција на правосудниот систем.

– Можеби однадвор изгледа дека тоа оди споро, меѓутоа многу е тешко во еден краток период од неполни десет месеци да се врати во нормала нешто што се урнисувало 12 години, изјави Ристовски.

Пратеникот Павле Богоевски, на отворањето на конференцијата, рече дека во Македонија судството ужива рекордно високо ниво на недоверба.

– Ако системот не е направен да обезбеди и гарантира еднаква правда за сите, тој систем мора целосно да се реформира, истакна Богоевски.

Слободан Богоевски, почесен претседател на Комитетот за заштита на правата, посочи дека не смее никогаш да се дозволи МВР да биде штаб на политичка партија, а пресудите да се носат однапред во кабинетот на шефот на тајната полиција, ако сакаме нормална држава и Македонија да се интегрира во западниот свет.

– Во „груевизмот“ илјадници луѓе ги изгубија своите права и илјадници семејства беа растурени. Двајца луѓе покажаа невидена храброст да ги стават својата позиција и животот под огромен ризики и преземат чекор за јавноста да дознае што навистина се случува во општеството. Еден од нив, кој е дел од овој комитет, е Ѓорѓи Лазаревски, изјави Богоевски.

Посочи дека Владата нема причина да го понесе товарот на претходниот режим и не смее да го заборави прашањето на жртвите на претходниот режим.

Слаѓана Тасева, од „Транспаренси интернешнл“, посочи дека е за восхит смиреноста и определбата на сите луѓе кои биле во голема мера обесправени во судските постапки, ова да се прави по институционален пат, онака како што прилега на една правна држава во која ќе владее правото.

Конференцијата „Како до правдата“ е во организација на Комитетот за заштита на правата, во кое членуваат претставници на сите поголеми полициско монтирани и мотивирани судски случаи.

како до правда Комитет за заштита на правата Оливер Ристовски Слажана тасева Слободан Богоевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.