Со промена на името на Централната банка ќе се менува и изгледот на парите. Наместо називот „Народна банка“ ќе стои „Банка на Република Македонија“. Процесот ќе се одвива етапно, ќе почне од новите банкноти, старите ќе бидат во оптек.
„Ние нема веднаш да ги повлечеме сегашните пари, ќе бидат во употреба додека не се излитат, новите ќе бидат со новотот име на банката , Банка на Репубилка Македонија“, вели гувернерот Димитар Богов.
Според него, во европските земји доминираат имиња на централни банки како новото што се предлага.
„Преовладува новата опција за името. Во светот имаме Банка на Франција, Банка на Шпанија, Банка на Англија…, така што тој тип на име доминира“, вели Богов.
Промената на името на НБРМ е една од осумте уставни измени што ги усвои Владата и кои ќе ги достави до Собранието и на јавна расправа.