Боинг 777 управуван од страна на Ejзијана Ерлајнс (Asiana Airlines) се урна додека слетуваше на Меѓународниот аеродром Сан Франциско, но информации за жртви сеуште нема, јавува Си-Ен-Ен.
Летот 214 го напушти Инчеон Меѓународниот аеродром во Сеул порано и леташе 10 часа и 23 мин. во Калифорнија, според веб-сајт кој нуди следење на услугите за приватен и комерцијален воздушен сообраќај.
Антони Касториани, коj сведочи за летот од блискиот хотел, изјави дека видел авионот како ја допрел земјата и тогаш забележал поголем столб од бел чад.
Видеото снимено веднаш по несреќата и испратено на YouTube покажа темно сив чад како се издига од авионот. Тој чад подоцна станал бел, дури и кога пожарникарите продолжија да гасат авионот.