Бугарскиот премиер во оставка Бојко Борисов од синоќа се наоѓа во болница поради зголемен крвен притисок, јави БТА, повикувајќи се на прес-службата на Министерскиот совет.
Во болницата „Лезенец“, велат дека премиерот вчера околу 17 часот е примен со хипертензична криза и висок крвен притосок од 190 на 110.
Борисов ќе остане неколку дена во болница под лекарски надзор, јавува радио Слободна Европа.