Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бојкотот на СДСМ под лупа на Брисел и Вашингтон

0
By Светлана Јовановска on May 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Брисел и Вашингтон се фрустрирани од долгогодишното повторување на критиките за развојот на македонската демократија и изборните процеси кои, очигледно, власта не сака да ги реши бидејќи ваквата состојба и одговара. Ова однесување, кое е кочница за демократскиот и економски развој на Македонија, во земјата станува политичка култура, велат досегашните анализи на политичката ситуација во Македонија.

“Тешко е да се докаже со примери тврдењето на ОДИХР за, на пример, раздвојувањето на државата и партијата кога се работи за избори. Во случајот на медиумите кои се задушени полесно се наоѓаат докази но, сето тоа се проблеми кои Македонија пред се треба да ги решава а не да чека помош од надвор”, велат бриселски извори кои се се повеќе загрижени за земјата.

Меѓународната заедница поаѓа од фактот дека Македонија е суверена држава на која не и треба надворешна помош. Таквата помош би станала неопходна само во случај на нестабилност внатре во земјата и нестабилност која би била закана за регионот. Но тоа за среќа не е случај и тоа, велат во Брисел, и е совршено јасно на владата која од тие причини не е загрижена за критиките кои доаѓаат од надвор. Јасно е исто така дека ЕУ ќе продолжи да и помага на Македонија бидејќи за меѓународната заедница тоа е единствениот начин на однесување.

Сепак, во ЕУ земјите членки и високите функционери во моментов се во потрага по одговор како да им одговорат на нечистите избори и да стават на знаење дека не се наивни и добро гледаат што се случува во Македонија. Слушнати се и обвинувањата за корупција во врвот на власта кои ги изнесе СДСМ во текот на кампањата но, повторно велат дека тие не се ни судии но обвинители и не им припаѓа задачата да бараат докази и да докажуваат. Тоа се очекува од македонските институции.

Во кабинетот на Штефан Филе се размислува за начинот на кој треба да се одговори на оваа состојба. Патувањето на комесарот во Македонија, предвидено за јуни, се уште не е извесно.

Во моментов со многу внимание се следат две работи: одлуката за СДСМ за бојкот на Собранието и формирањето на владата за да се види која ќе биде улогата на ДУИ во неа.

“ЕУ чека да види пред се колку и дали ќе трае бојкотот на СДСМ и како таа партија понатаму ќе еволуира”, велат во Брисел. Но предупредуваат дека принципиелниот став на ЕУ е дека нема, официјално, да го поддржи бојкотот: “ЕУ никогаш не поддржала бојкот дури и кога ни е добро познато дека власта е корумпирана а институциите под нејзина контрола. Тоа е принципот според кој функционира ЕУ”. Но, истовремено дипломатите кои ја познаваат македонската ситуација покажуваат многу разбирање за фрустрацијата во СДСМ.

Доколку бојкотот продолжи, од ВМРО-ДПМНЕ Брисел и Вашингтон ќе бараат отворање дијалог со СДСМ. На тој дијалог треба да бидат изнесени сите проблеми и сите прашања што ги отвори ОБСЕ и да се трага, заеднички, по решенија. Но сепак мали се надежите дека тоа навистина ќе се случи на начин кој ќе и подаде рака на опозицијата.

Во текот на анализите за начинот на кој треба да се одговори на македонските избори, кои се пречка за развојот на демократијата, една од опциите за која се залагаат многу дипломати и земји членки е да не се повтори препораката за старт на преговори за членство со ЕУ. Истовремено се размислува и за начинот на кој ЕУ, ЕК и Скопје треба да го продолжат дијалогот. Засега не е сигурно дека ќе продолжи Високиот политички дијалог но ЕК забележува дека тоа е за нив единствен начин од блиску да ја следи ситуацијата.

Службите на ЕК веќе отсега најавуваат дека идниот извештај нема да биде добар, дека ќе ги наброи сите проблеми, но свесни се исто така дека нивниот збор во Македонија има се помало значење и се помало влијание. Истовремено, високите дипломати губат надеж дека владата, кога и да е, ќе го реши спорот со Грција. Во ситуација на изборна година во самата ЕУ проширувањето исто така губи од своето значење како тивка сила на притисок па надежите за отворање преговори за членство исто така исчезнуваат од хоризонтот.

Дознаваме дека високите дипломати кои се среќаваат со владата не ја кријат својата разочараност и употребуваат остри зборови за да ја пренесат својата порака. Но, според правилата во политиката, тоа се разговори чија што содржина не допира до јавноста, особено во услови со највлијателните медиуми како телевизиите кои се под контрола на владата. “Нам ни останува само се надеваме дека пораката е разбрана и дека владата еден ден ќе ја примени”, велат во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.