Групата Боко Харам киднапирала најмалку 30 момчиња и девојки изминатиот викенд од град во североисточна Нигерија.
Последните дејствувања на оваа организација која подолго време ја тероризира Нигерија, не даваат надеж за ослободување на 219 киднапирани девојки во април годинава.
Милитантите на групата за време на викендот го нападнаа градот Мафа и оттаму ги киднапирале момчињата и девојките, известуваат локалните лидери.
Сепак веста стигнува еден ден покасно, како причина на уништените комуникациски сервиси во тој регион, бидејќи Боко Харам за време на петгодишното напаѓање на владата на Нигерија уништуваше секакви уреди од таков тип.
Во четврокот милитанската група уби 17 луѓе во селото Ендонго, а минатата недела киднапираа 60 жени и девјки од две христијански села.