Милитантната група од Нигерија, Боко Харам објави видео со киднапираните девојчиња, со порака дека ќе ги преобратат во ислам. Тие порачуваат дека се подготвени да ги разменат за заробени милитанти. Минатиот месец 276 девојчињата беа грабнати од нивното училиште.
Некои од девочињата успеале да побегнат, но околу 200 се уште се наоѓаат во заточеништво. Нигериските власти ја прифатија понудата од Вашингтон да пратат свои истражители кои ќе ја водат истрагата. Пред два дена и првата дама на САД Мишел Обама, побара ослободување на девојчињата.
Водачот на групата Боко Харам, Абубакар Шекау, се огласи минатиот викенд и порача дека киднапираните девојчиња ќе ги продаде, велејќи дека тие не треба да бидат во училиште туку треба да се омажат.