Исламистичката вооружена група во Нигерија, Боко Харам, ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во градот Абуџа, каде во понеделникот загинаа 75 лица, а повеќе од 100 беа повредени.
– Ние го организиравме нападот во Абуџа, изјави лидерот на Боко Харам, Абубакар Шекау во видео-снимка доставена до Франс Прес.
Снимката од 28 минути е посветена на претседателот на Нигерија, Гудлак Џонатан, кој во неколку наврати потенцираше дека успеал да ги ослаби исламистите во земјата.
Боко Харам извршија неколку бомбашки напади во Абуџа. Денот кога се случи експлозијата на автобуската станица, исто така во градот се киднапирани 129 средношколци. Се верува дека и тоа е дело на исламистичката група.
„Западното образование е грев“, или Боко Харам, се противат на модерното образование и наука, и се борат за воведување на шеријатското право и напад на христијаните и нивите цркви.