Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болните од рак две недели без цитостатици

0
By Менче Атанасова Точи on February 20, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе две недели пациентите на Клиниката за онкологија се без неколку вида цитостатици кои се неопходни за нивното лекување. Недостасуваат цитостатици кои имаат широка применува во лекување на сите видови карцином. Пациентите се жалат дека поради недостигот на цитостатици се одложува и хемотерапијата.

„Лута сум и исплашена. Во моето лекување со три вида на цитостатици, едниот го купувам сака бидејќи не оди на позитивната листа на лекови и чини 3 500 евра. Од пред две недели го снема вториот цитостатик, а сега и третиот. Хемотерапијата се одложува. Пациентите се во очај“изјави пациентка која се лекува на Кликата за онкологија, но поради можни реперкусии нејзиното име не сакаше да се спомнува во јавноста.

Директорот на онкологија, Милан Ристевски потврди дека извесно време на Клиниката нема три вида цитостици и најави дека пациентите од понеделник ќе ја добијат неопходната терапија . Тој посочи дека набавките стигнале, а пациетите во текот на деншниот ден ќе бидат известени за одф понеделник за дојдат по терапијата.

„Имаше проблем со добавувачот кој не успеал да донесе и дистрибуира цитостатици. Едниот од добавувачите, второрангираниот на тендерот доби негативна оценка и лековите ќе ги набавува четвртиот рангиран од тендерот“, изјави за НОВА Милан Ристевски директор на Клиниката з аонкологија.

Сепак, пациенти кои денеска повторно се јавија во НОВА, велат дека немаат никаква најава за такво нешто.

„Бев денеска на Клиниката, а докторката само мавташе со глава и рече дека нема информација дека пристигнале цитостатиците, “велат пациентите.

Од друга страна, Ристевски се пожали дека освен со добавувачите на лекови, проблем има и со јавните набавки, односно со Советот за јавни набавки за кои вели дека не го разбираат начинот на правење на набавките со лекови. Во Советот се само правници, нема фармацевт и по четири препукувања се надевам дека конечно работите ќе се средат, рече Ристевки.

Инаку, Клиниката прави комбинирани набавки на лекови, дел ги набавуваат сами интерно, дел се централизирани од Министерството за здравство.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
ФОКУС

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

ВЕСТИ October 10, 2025

Нобеловиот комитет соопшти дека добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година е венецуелската…

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025

Трамп: Ја завршивме војната во Газа

October 9, 2025

Скопје: Втор ден Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет

October 9, 2025
ТИКЕР

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025

Србите повеќе не можат да плаќаат за гориво со странски картички на бензинските на НИС

October 9, 2025

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.