Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Болницата „8 Септември“колабира, има недостиг од медицински сестри

2
By Менче Атанасова Точи on March 30, 2017 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како тргнала работата може да престане да работи и најголемата здравствена установа во државата од секундарно здравство,  Градската болница „8 Септември“.  Со толку голем обем на работа, со пациенти од цела држава не само од Скопје, со голем недостиг на медицински сестри, болницата веќе почнува да колабира.  Ситуацијата дојде до таму што од  1 ви април ќе работат само три операциони сали, од вкупно седум. Пациенти за операција ќе бидат враќани дома. Директорот на болницата одамна предупредува на ова, но никој не го слуша.

Болницата има потреба од прием на  нови 180 медицински сестри не вклучувајќи ги лаборантите и физиотерапевтите, но минатата година одобрение добија за да примат само 60 медицински сестри. Конкурс пропадна бидејќи  од Министерството за здравство не ги испратиле тестовите за проверка на кандидатите до крајот на годината. Веднаш потоа, пропадна и финансиската согласност и болницата остана без медицински сестри. Поради политичката состојба во државата и немање на нова Влада, не се знае кога другпат ќе добијат можност за да примат нови вработени.

Од таму постојано укажуваат дека медицинските сестри се преморени од работа, од дежурство на дежурство. Во операционите сали има 14 анестезиолози , а само пет медицински сестри. Во болницата велат дека ситуацијата е неиздржлива. Директорот безброј пати апелира, бара помош , предупредува дека ќе дојде до затворање на операционите сали, на цели одделенија, но ефект нема.

Уште во август минатата година медицинските сестри од Кожното одделение потпишуваа петиција и поставија ултиматум до директорот, доколку не се примат нови медицински сестри тие колективно ќе си заминат. Во писмото напишаа дека не можат да издржат, дека се преморени од честите дежурства.  И во најголемите горештини, во време на поплавите кога се закануваше опасност од заразни болести ова одделение беше  затворено бидејќи  немаше кој да работи.

Во ваква ситуација, во потрага по подобри услови за работа се случува и масовен одлив на медицински сестри во странство, тие учат германски јазик и заминуваат на работа во Германија и Австрија.

Од друга страна, 80 медицински сестри кои со реформите во примарното здравство останаа без работа со години безнадежно седат дома. Министерот Тодоров, ниту ги прими ниту се заинтересира за нив. Медицинските училишта произведуваат средно медицински кадар, но политиката во државата е таква што се вработуваат само партиски кадри. Тодоров најави 350 нови вработување уште минатата година, но што се случи, каде и кој се е примен никој не знае. Едно се знае, болницата „8 Септември“извиси, остана без медицински сестри.

Од болницата не бараа скапи апарати, ниту некои посебности, бараа само кадар за да можат да ги опслужат пациентите и да функционираат нормално. Но, Тодоров очигледно не ги слуша апелите за помош. Затоа пак секогаш кога ќе сакаше да си направи промоција и сопствен маркетинг без разлика дали е празник или викенд,  болницата заедно со директорот му беа на располагање.

Додека се смешкаше пред камерите ниту еднаш не го спомна проблемот со недостиг на медицински сестри, ниту најави дека конечно ќе биде решен. Зошто? Па, затоа што за тоа требаат пари. Тие не се медицинска опрема за можат да се договараат проценти, да се балансираат цени. Тоа се луѓе кои треба да работат за плата што државата треба да им ја обезбеди. Е, за такви работи нема интерес кај тие што ја кројат политиката во здравството. Затоа се затвораат операциони сали и цели болници. Затоа се прават пропусти и грешки. Тоа е здравство какво што го нема никаде. Само, има ли кој да разбере?

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.