Најмалку 70 луѓе загинаа во бомбардирање на автобуска станица во главниот град Абуџа во Нигерија. Се очекува бројот на загинати да се зголеми.
Повеќе од 30 возила се уништени во втората експлозија предизвикана од горивата на претходно оштетените автомобили.
– Некои од загинатите ги пренесовме во мртовечница а повредените се пренесени во болница, вели Чарлс Отегбаде, шеф на Националната агенција која ја води истрагата.
Точната борјка на загинати сеуште не може да се утврди.
Засега никој нема преземано одговорност за нападот, а како што јавуваат светските медиуми, сомнежот е врз вооружената група Боко Харам, која неодамна придонесе за порастот на насилството во североисточниот дел на земјата.
Минатата недела, членови на Боко Харам убија 60 луѓе во напад на село во североисточниот дел на Нигерија.