Непознат сторител денеска утрото на автобуската постојка на улицата Кнез Милош во Бања Лука фрлил рачна бомба во автобусот на „Автопревоз“. Во експлозијата загинал возачот, а бомбашкиот напад се случил на 50 метри од едно училиште.
За напаѓачот се знае дека бил облечен во црвено и побегнал кон центарот на градот. Како што објавува Klix.ba, тој дел од градот е блокиран во моментов, полицијата ги истражува причините за нападот.