Турските безбедносни претставници соопштија дека бомбашот самоубиец, осомничен за нападот во метрото во Санкт Петерсбург бил депортиран од Турција минатата година.
Акбарџон Џалилов (22) од Киргистан се разнесе на 3 април во воз меѓу две станици, при што беа убиеи 13, а ранети десетици луѓе.
Неименуван претставник за АП изјави дека Џалилов влегол во Турција во ноември 2015 со турситичка виза и дека е депортиран во Русија во декември 201 поради кршење на законот за визи.
Изречена му била парична казна и забрана за влез во Турција на 120 дена.