Две бомби од Втората светска војна го затвориле аеродромот Македонија во Солун, пренесува РИА Новости.
Експлозивните уреди од пред 70 години ги пронашле градежни работници. Бомбите биле пронајдени за време на поправки на патеката на вториот по големина аеродром во Грција.
На местото пристигнале стручните екипи кои ги деактивирале бомбите. За време на операцијата аеродромот и патиштата кон него биле блокирани.