Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бомгартнер: Постои моментум кој треба да се искористи, овде и сега, за европската иднина на Северна Македонија

0
By Marta Pesevska on July 14, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повторно денес во Собранието треба да биде доставен предлог-закон кој се однесува на европската иднина на државата. Тоа е суверен избор што ќе треба да го направи Собранието. Нема да навлегувам во детали. Но би сакал да поставам прашање: дали треба да престанеме денес, од страв дека утре ќе мора да запреме? Влеговме во фаза на историско забрзување и проширување. Останува прашањето дали македонскиот воз ќе биде еден од оние што ќе заминат или ќе останат подолго на перонот. Постои моментум, постои можност да се искористи, овде и сега, за европската иднина на Северна Македонија.

Ова го порача амбасадорот на Република Франција Сирил Бомгартнер  во однос на уставните измени чие усвојување е неопходен услов земјава да го продолжи европскиот пат, во обраќањето на приемот организиран по повод францускиот национален празник „14 Јули“.

-Компромисот што го постигнавме минатото лето не е совршен. Тоа е компромис. Но неговата прва заслуга е што го овозможи ова заминување, нагласи Бомгартнер осврнувајќи се на преговарачката рамка, пред гостите на приемот – министри во Владата, пратеници, лидери на политички партии, претставници на бизнис заедницата, на академската заедница, од невладиниот сектор, поглавари на верските заедници, претставници на дипломатскиот кор и истакнати личности од јавниот живот

Во текот на изминатите 365 дена, рече францускиот амбасадор, се разговараше многу на темата која се однесува на уставните амандмани и овие дебати досега не беа доволни за да се постигне политички консензус, но истите, вели, дозволија одредени појаснувања. Она што останува да се разговара, со дел од политичките кругови, додава тој, се условите поврзани со реформата, а не самата реформа.

-Во текот на изминатата година беше покажано големо охрабрување на европски план. Франција имаше свој удел во тоа, со последователните состаноци на највисоко државно и владино ниво: во Прага, Тирана, Лондон и Братислава. Министерката за Европа, Бун, беше овде во ноември, а овој понеделник повторно доаѓа, овој пат заедно со нејзините колеги од Германија и Полска. Во исто време, се организираа четири посети на француски пратеници, а за наесен е предвидена и петта, најави Бомгартнер.

-Периодот кој е пред нас е од клучно значење. Изборот што ќе се направи ќе биде одлучувачки за продолжување на модернизацијата на земјата, а во насока на реформите кои остануваат суштински, а кои не смеат повеќе да се одложуваат, потенцира францускиот амбасадор.

Тој се осврна и на билатералните односи меѓу Париз и Скопје во делот на економската соработка, со оценка дека на економски план нашите односи се зајакнуваат. Тоа е неопходно.

Во следните месеци, навести амбасадорот, Француската агенција за развој се подготвува да ги иницира првите конкретни активности во земјата во партнерство со Македонската развојна банка. Во областа на обновливите извори на енергија, една од најиновативните и најреномирани француски компании, е подготвена да започне инвестиција која би била најголема во целиот регион на Западен Балкан од областа на сончевата енергија. Таа само чека позитивен сигнал, вели Бомгартнер.

Во свет кој стана понестабилен и позаканувачки, обележан со продолжување на воената агресија врз Украина, посочи амбасадорот, сите го препознавме и го поздравивме извонредниот и беспрекорен став на Северна Македонија за оваа тема.

-Кога треба да се направи избор, Северна Македонија е секогаш партнер од доверба, порача францускиот амбасадор Бомгартнер.

БОМГАРТНЕР европска иднина уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.