Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: Ќе дискутираме за Западен Балкан на наредниот Совет за надворешни работи

0
By Нова ТВ on March 22, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: europarl.europa.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На прес конференцијата по министерскиот состанок за надворешни работи на ЕУ, високиот претставник Жосеп Борел ги увери земјите од регионот дека тие остануваат приоритет за Унијата.

Иако регионот од минатата година не е веќе на агендата на министрите, ниту ЕУ испорачала вакцини на западен Балкан до сега, Борел им упати на лидерите од регионот уверување дека земјите се важни за ЕУ и дека тоа било потврдено на денешниот министерски состанок во Брисел.

-Разговаравме за неодамнешната посета на Мирослав Лајчак во регионот и ќе имаме целосна дискусија за Западен Балкан на наредниот Совет за надворешни работи. Западниот Балкан е и ќе продолжи да биде приоритет за ЕУ, изјави Борел, но без повеќе детали.

На прес конференцијата балканските новинари не добија можност за прашање денес, меѓу другото за реакција од шефот на ЕУ дипломатијата за писмото на деветте земји кои побараа враќање на регионот на дневниот ред на ЕУ.

МИА неодамна објави реакција од портпаролските служби на Борел во која се вели дека високиот претставник го дели ставот на овие земји и дека се согласува дека треба регионот повторно да биде тема на разговор, откако во декември беа блокирани заклучоците за цел западен Балкан поради инсистирањето на Бугарија во заклучоците да се вметне параграф за погрешно интерпретирање на историјата.

Министрите на ЕУ денеска разговарале за новите санкции воведени против низа лица и ентитети ширум светот, од Кина до Еритреа, за нарушување на човековите права, во рамките на новиот механизам за санкции на ЕУ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.