Европскиот комесар за надворешна и безбеднона политика Јозеп Борел денеска соопшти дека е позитивен на корона вирусот, но дека се чувствува добро.
„Позитивен сум на Ковид-19“, објави Борел на Твитер пред еден час. „Во согласност со важечките правила и процедури, времето ќе го поминам во самоизолација“, додаде тој порачувајќи: „Се чувствувам добро“. (С.К.)