Борис Бекер oд средината на наредниот месец тој повторно ќе биде тренер- на победникот на шест Грен Слем турнири и втор рекет во светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, јавува Би-Би-Си.
-Многу се радувам за можноста да работам со Борис. Тој е вистинска легенда, човек со многу знаење за тенисот. Со неговото искуство тој ќе ми помогне, да освојам нови трофеи на Грен Слем турнирите и други натпревари, изјави Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ најави дека соработката почнува на средината на јануари на турнирот „Аустралија опен“, кој оди во одбрана на титулата. Планирано е Бекер да го придружува Ѓоковиќ на сите голем турнири во годината: Дубаи, Мајами, Монте Карло, Рим, Париз (Ролан Гарос), Лондон (Вимблдон), Синсинати, Њујорк (УС Опен), Шангај, Париз (Мастер) и Лондон (Мастер).
-Горд сум што Новак ме покани да бидам негов тренер. Ќе го дадам најдоброто, за тој да ги постигне своите цели. Сигурен сум, заедно можеме да постигнеме големи резултати, истакнал Бекер кој во периодот 1997 – 1999 беше на чело на стручниот штаб на германскиот Дејвис куп тим.