Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борисов: Влада на ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат“ е врвен приоритет на Бугарија

0
By Соња Крамарска on April 13, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влада составена од ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ е врвен приоритет, изјави утринава пред новинарите во бугарскиот Парламент лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

Борисов денеска се сретна со претседателката на БСП, Корнелија Нинова, и по неа тој кажа дека се разговарало за главните приоритети поврзани со буџетот и социјалната политика. Тој додаде дека, Нинова му соопштила дека двете најсилни коалиции застапени во парламентот се сосема доволни и затоа БСП нема да ги поддржи при изборот на Росен Желјазков за претседател на 49. Народно собрание.

Борисов кажа дека одложувањето на изборот на претседател на Собранието е само од корист за преговорите меѓу двете најголеми коалиции во 49. Народно собрание – ГЕРБ-СДС и ПП-ДБ. Тој најави дека денеска ќе се направат две работни групи – правни и буџетски, од двете коалиции само за да го претресат  прашањето за тоа каков буџет би бил одржлив за државата и сите закони за кои би се барало големо мнозинство.

„Наш главен приоритет е влада меѓу двете партии“, рече Борисов.

„Подготвени сме на многу компромиси, но ова не е компромис“, рече Борисов одговарајќи на прашање за предлогот за избор на претседател на Собранието врз ротациски принцип.

„Во Романија има компромис за ротација на премиерите, има различни практики и затоа вчера толку трпеливо и внимателно формулиравме дека меѓу толку непријателски -не само лидери, туку и поддржувачи, е потребно време, па затоа и одложувањето на изборот на претседателотна Собранието е многу корисно, за да може да се добие време“, додаде Борисов.

Според него, работните групи ќе имаат време да пронајдат уште многу заеднички работи меѓу нив кои ќе имаат корист за државата.

„Сакам да формирам влада со „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“, бидејќи тоа е најдоброто за Бугарија“, рече Борисов.

Од друга страна поранешниот премиер и еден од предводниците на коалицијата „Промените продолжуваат – Демократска Бугарија“ категорично отфрли било каква можност за заедничка влада со коалицијата на Борисов.

Бојко Борисов Бугарија Влада претседател на Народно Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Почна гласањето за вториот круг

ВЕСТИ November 2, 2025

Утрово во 7 часот почна гласањето за вториот круг од осмите локални избори од осамостојувањето…

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

November 1, 2025

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025
ТИКЕР

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025

Кијив Индипендент: Украинската армија погоди цевковод за гориво во близина на Москва

November 1, 2025

„Истрага“: САД побарале оставка од Високиот претставник во БИХ, но тој одбил затоа што „Берлин одлучувал за него“

November 1, 2025

Мадуро: Ја измислија трговијата со дрога за да ни ја украдат нафтата и гасот

November 1, 2025

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.