Словенечкиот претседател Борут Пахор, денеска и утре е во прва официјална посета на земјава, информираат од словенечката амбасада во земјава.
Предвидено е Пахор да се сретне со својот домаќин, претседателот Ѓорѓе Иванов.
Во рамки на посетата, словенечкиот претседател утре ќе ја посети хидроелектраната Св.Петка, а ќе положи цвеќе пред споменикот на паднатите херои за Македонија.
Македонскиот и словенечкиот претседател, како штои стои во соопштението, ќе се сретнат со претставници на словенечките компании и со Словенците кои живеат и работат во Македонија.
По тој повод ќе се одржи и кратка промоција на Европското првенство во кошарка кое од четврти до 22-ри септември ќе се одржи во Словенија.