Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошњачкиот сојуз поднесе иницијатива за додавање на геноцидот во Сребреница во Кривичниот законик

0
By Marija Todorovska on June 18, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Бошњачкиот демократски сојуз денеска на прес-конференција соопшти дека во својство на политички и национален претставник на македонските граѓани кои се припадници на бошњачкиот народ, покренал иницијатива за дополна на Кривичниот законик со која се бара во ставот 3 од член 407-а од КЗ, по зборот „холокауст“ да се додадат зборовите „геноцидот во Сребреница“.

Конкретниот предлог е доставена до пратениците од Европски фронт, кои во Собранието поднесоа предлог за дополна на Кривичниот законик.

Како што геноцидот извршен над Евреите има име Холокауст така и ние бараме геноцидот кој е извршен врз нас во 1995 година да има име – геноцид во Сребреница, рече Фарук Хасиќ, директор на Бошњачкиот демократски сојуз.

Потсети дека оваа година се навршуваат 30 години од геноцидот во Сребреница кој е правно утврден факт од страна на меѓународните судови, како и дека во изминатите 15 години, нашата држава имаше јасен и недвосмислен став во однос на геноцидот во Сребреница.  Беше усвоена Декларацијата за поддршка на Резолуцијата на Европскиот парламент за Сребреница од 15 јануари 2009 година, и во 2024 година, нашата држава беше коспонзор на Резолуцијата за Сребреница од 23 мај 2024 година, која беше усвоена од Генералното собрание на Обединетите нации.

Резолуцијата на Европскиот парламент е усвоена со Декларација во нашето Собрание во 2010 година со поддршка на тогашната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а во 2024 година нашата држава беше коспонзор на Резолуцијата за Сребреница во Обединетите нации благодарение на инцијативата на тогашниот министер за надворешни работи г-дин Бујар Османи, рече Хасиќ.

Според него, во изминатите неколку години, како во регионот така и кај нас, од страна на одредени поединци, јавни личности, политички лидери, па дури и јавни функционери, имало изјави и коментари со кои отворено се негира геноцидот во Сребреница.

Добро знаеме дека негирањето на геноцидот претставува последна фаза од неговото целосно спроведување и може да биде најава за започнување нов геноцид. Затоа сметаме дека со усвојување на оваа дополна на Кривичниот законик, ќе се намалат и спречат ваквите појави во нашата држава. Нашата држава има правен основ, како и морална и политичка одговорност, овој геноцид да го именува како негирање на геноцидот во Сребреница, смета Хасиќ.

Претходно денеска Европскиот фронт на прес-конференција во Собранието најави дека ќе поднесе иницијатива за дополна на членот 407а на Кривичниот законик, во врска со санкционирање на негирањето на геноцидот во Сребреница.

бошњачки сојуз геноцид Сребреница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.