Оставката на министерот за правда Билен Саљији нема да влијае на реформите бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Одговарајќи на новинарско прашање Бошњаковски појасни дека министерот за правда ја поднел оставката како негов личен чин, бидејќи чувствувал морална одговорност за губењето на довербата во однос на одредени делови на реформите во правосудството, како и за случајот со малиот Алмир.
„Судската власт е независна и таква треба да остане, а на реформите на правосудството оставката на сега веќе поранешниот министер за правда Билен Саљији нема да влијае, бидејќи во ниту еден момент ништо нема да биде закочено, рече Бошњаковски“.
Саљији синоќа поднесе оставка од министерската позиција во правда, поради како што рече случајот со малиот Алмир.
„Во овие моменти чувствувам дека довербата е разнишана поради одлуката јавниот обвинител да го преквалификува обвинението за малиот Алмир. Оваа контраверзна одлука беше оспорена и од четворицата јавни обвинители. Јас како прв човек на Министерството за правда чувствувам да поднесам оставка – рече Саљили.

