Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Боуви починал од карцином на црниот дроб

0
By Нова ТВ on January 12, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејвид Боуви боледувал од карцином на црниот дроб, но ова го знаеле само малкумина негови блиски. Ова го открива легендарниот продуцент Брајан Ино, кој последно работел со Боуви на неговиот албум од 1995 година. Ова го дознал лично од Боуви кој пред една недела му испратил имаил, кој според Ино била воедно и порака за збогување.

– Смртта на Дејвид дојде како целосно изненадување, како и се друго поврзано со него. Сега чувствувам огромна празнина. Добив порака од него пред седум дена. Беше интересна, забавна како и секогаш и многу надреална, како игра на зборови и алузии, како што тоа го правевме вообичаено, напиша Ино.

Боуви последен пат бил фотографиран во јавност за време на светската премиера на Лазарус, мјузиклот на кој тој работеше заедно со Енда Волш, инспириран од делото на Валтер Тевис за хуманоидниот вонземјанин кој доаѓа на Земјата да земе вода за неговата планета во изумирање.

Во едно од неговите ретки појавувања во јавноста на 12 декември во Њујорк, тој се поздравувал со своите фанови и делел автограми.

По веста за неговата смрт, критичарите веднаш ги цитираа текстовите од неговите песни од најновиот албум Блекстар, објавен на неговиот 69-ти роденден, минатиот петок. Самиот наслов асоцира на карцином на дојка – лузна која на мамомграм се појавува како црна или темна ѕвезда.

Еден од оние кои ја знаеле тажната вистина за музичката ѕвезда е белгискиот театарски режисер Ван Хове, кој работел со Боуви на новиот мјузикл.

– Боуви пишуваше и на смртната постела. Видов човек- борец. Се бореше како лав и продолѓуваше да работи како лав низ целата таа состојба. Бескрајно го почитувам, изјавил Ван Хове за холандскиот вебсајт dutchnews.nl.

Тој признава дека за тешката болест на пејачот дознал пред околу една ипол година, откако и самиот го дознал тоа.

Продуцентот на Боуви Тони Висконти вели дека пејачот уште пред повеќе од една година занел дека нема лек за неговата болест, а тоа според него било причина Боуви да направи ремек дело и од својата смрт.

Гласините дека музичката ѕвезда има нарушено здравје почнаа да се шират кога тој пред повеќе од една деценија за време на неговата Риалити тур колабираше на сцената на настапот во Германија, по што со хеликоптер итно беше префрлен во болница на итна операција на срцето.

По неколку години, во медиумите повторно беше покренато прашањето за неговото здравје, кога иако најавен тој не се појави во рамките на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Лондон 2012, по што тргна лавина нагаѓања дека боледува од Алцхајмерова болест.

Но Боуви во 2013 се врати на сцената со новиот албум The Next Day, ама одбиваше да дава интервјуа, со што гласините околу неговото кревко здравје никогаш не престанаа.

Боуви почина на 10 јануари годинава.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.