Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

0
By Marija Todorovska on May 16, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прашањето за оружјето на обвинетиот Боре Видевски и недостатокот од траги за испукување во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), според неговиот бранител, адвокат Бојан Манев е контрадикторно. Тој изрази сомнеж околу контрадикторноста во документите што ги доставило МВР до Обвинителството, кои беа презентирани на денешното дополнение на доказната постапка.

Од една страна имаме потврда дека оружјето е легално, но од друга страна нема никакви податоци за испукување во базата на МВР. Ова е или пропуст или намерно занемарување на архивите, изјави Манев, додавајќи дека ќе повика сведоци кои можат да потврдат присуството на Видевски на неговото работно место на 22 ноември.

Дополнително, адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува Љупчо Палевски, побара вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски.

Обвинителството денеска достави наредба и известување, каде што е побарано дали од кривично-правни настани во Македонија кои се случени, е испукано од некои од тие тестирани чаури или пиштоли, и дали е испукано од оружјето на Боре Видевски. Меѓутоа, не и од сите останати регуларни пиштоли за кои постои евиденција во РМ. Такво нешто Обвинителството нема. Глупаво е да се изразам дека на шверцерски начин сака да се сокрие една работа која е многу битна, а таа е битна да се најде чаурата од кое оружје е испукано, дали од легално или нелегално рече Страшевски.

Според извештаите што беа презентирани на рочиштето, предметната чаура не се поклопува со веќе регистрираните податоци во системот. Во однос на оружјето на Видевски, иако поседува легална дозвола од 1998 година, недостасуваат записи за испукување.

Судењето продолжува со дополнително изведување на докази од страна на обвинителството. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Вања вештачење Панче судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.