Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бранко Грегановиќ нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

0
By НОВА ТВ Balaban on January 3, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15 до 20 отсто.

Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор (УО) на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ.

Грегановиќ има повеќе од 30 години искуство во банкарскиот и корпоративниот сектор на словенечкиот, австрискиот и српскиот пазар, но и богато искуство во јавниот сектор, извршувајќи одговорни позиции во словенечкото Министерство за финансии и централната банка.

На позицијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје, доаѓа од НЛБ Банка Белград, каде во изминатите седум години ја извршуваше функцијата претседател на Извршниот одбор. Под негово раководство, НЛБ Банка Белград, од банка со непрофитабилни операции, прерасна во профитабилна финансиска институција со здраво кредитно портфолио и со забрзан раст на годишно ниво од 15 до 20 отсто. Ваквите резултати ѝ ја вратија цврстата позицијата на НЛБ Групацијата на српскиот пазар и во декември 2020 година ѝ го отворија патот за аквизиција на една од водечките српски банки – Комерцијална банка Белград.

– НЛБ Банка Скопје располага со одличната екипа и голем потенцијал за зајакнување на својата пазарна позиција. Тоа ми дава мотив и енергија, заедно со вработените во Банката, да продолжиме да вложуваме во нејзиниот натамошен развој, фокусирајќи сѐ на проширување на понудата со иновативни производи и услуги, на квалитетот и натамошното градење на довербата со клиентите и секако во придонесот што го има Банката за просперитетот на пошироката општествена заедница, рече Грегановиќ по стапувањето на функцијата.

Бранко Грегановиќ има универзитетска диплома по економија и две одбранети магистерски тези, една од областа на економијата на Економскиот Факултет во Љубљана, Словенија и друга од областа на менаџментот од London Business School во Лондон, Bелика Британија.

Бранко Грегановиќ НЛБ Банка Скопје претседател Управниот одбор (УО)
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.