Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бранко Црвенковски со предлог Македонија да побара пристап до заедничкиот европски пазар и до финансиските фондови на ЕУ

0
By Соња Крамарска on June 19, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Од денешната конференција
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски денеска, на настан на кој учествуваше и Советот на амбасадори, упати критики за бавниот процес на евроинтеграциите на Западен Балкан. Новата методологија за преговори што ја предложи Франција, според него, нема резултати бидејќи процесот или стои во место или има симболичен напредок, а Македонија проблемот не треба да го гледа само од аспект на проблемот со Бугарија туку пошироко.

Затоа, според Црвенковски, потребна е нова стратегија за евроинтеграциите за што, тој денеска промовира иницијатива која значи регионот да побара од Брисел пристап до заедничкиот пазар и европските фондови.

„Ние земјите кандидатки за членство да ѝ помогнеме на ЕУ да дефинира една појасна стратегија кон регионот на Западен Балкан и процесот на неговото интегрирање. Би сакал да ја искористам оваа можност пред вас, но и пред македонската јавност да промовирам една идеја за една таква иницијатива која по мое мислење заслужува внимание. Што е тоа што во оваа фаза за нас земјите од Западен Балкан е најбитно, а во исто време не задира во и онака комплицираното одлучување во рамки на ЕУ? Тоа е пристап до заедничкиот пазар и до европските фондови. Најдиректно кажано, иницијативата би се однесувала на овозможување на овие две цели. Ќе напоменам за да нема никаква заблуда, ова не би било никаква алтернатива или супституција на полноправното членство во ЕУ. Напротив, тоа би бил еден меѓучекор или преодна фаза која би го олеснила остварувањето на таа цел“, рече Црвенковски.

Погодностите, според него, би биле што земјите од регионот би ги подобриле своите економски перформанси, а со тоа би биле поподготвени за полноправно членство. Од друга страна, како што рече, ЕУ би го зајакнала својот кредибилитет, како и влијание во регионот, и би ги елиминирала сите опасности од неевропски и антиевропски влијанија.

Поранешниот претседател изнесе два предлога како да се постигне таа цел. Едниот е, како што рече, да се искористи постојната Европска економска област.

„Да се потсетиме оваа организација е основана на 1 јануари 1994 година врз основа на договорот меѓу земјите членки на ЕФТА и во тоа време европската заедница, денес ЕУ. Со овој договор денес се овозможува Исланд, Лихтенштајн и Норвешка да учествуваат во внатрешниот пазар во ЕУ и без членство во ЕУ. За возврат тие се обврзани да ги усвојат и спроведуваат сите закони на ЕУ кои се поврзани со единствениот пазар освен законите поврзани со земјоделство и рибарство. Дека членството во европската економска област не е никаква кочница за полноправно членство во ЕУ говори примерот на Австрија, Финска и Шведска кои во 1995 како поранешни членки на ЕФТА станаа полноправни членки на ЕУ. На оваа тема имам разговарано со амбасадорот Јолевски тој има подготвено една“, рече Црвенковски.

Втора варијанта со која би се избегнале сложените процедури за прием на нови членки во европската економска област, а истовремено би се овозможил и пристап до европските фондови, според него, е доколку ЕУ истовремено потпише нов посебен договор со сите земји од Западен Балкан и со него би се овозможило учество на заедничкиот европски пазар и можност за користење на европските фондови.

Црвенковски ги повика политичките партии да не ѝ ставаат партиски печат на оваа идеја.

„Ако оцените дека оваа идеја е интересна и заслужува внимание, во ред, ќе ми биде мило. Ако сметате дека идејата е лоша и безвредна, повторно во ред – можете да ја критикувате или едноставно да ја игнорирате. Но, ве молам немојте да ѝ ставите партиски печат и да ја внесете во своите дневнополитички конфронтации. Не случајно се решив да ја промовирам токму тука пред советот на амбасадори, пред луѓе со големо живото и дипломатско искуство, но ви исто време што е многу важно, луѓе со различни политички припадности и ориентации“, порача тој.

Црвенковски оцени и дека застојот во евроинтеграциите се однесува на целиот регион и дека состојбите се исти како што биле и лани ова време.

„Тоа не се однесува само за Македонија туку и за другите земјите од регионот, без разлика дали ќе го нарекуваме Југоисточна Европа или Западен Балкан“, вели тој, додавајќи дека исклучок е само Албанија. Конкретно за Македонија тој рече дека само ги отворила но не ги почнала преговорите за членство во ЕУ и дека се нереални предвидувањата дека за седум години ќе станеме членка на ЕУ.

Поранешниот претседател оцени и дека ниту новата француската методологија не го забрзала процесот.

„Да се потсетиме дека токму заради тоа, а не заради бугарското вето во октомври 2019 година и покрај позитивната препорака од страна на Европската Комисија, Македонија не ги почна преговорите со Унијата. Што е резултатот од новата методологија? Овие три години ниту Србија ниту Црна Гора не направија ниту еден видлив значаен чекор напред во процесот на преговорите. Со други зборови, од различни причини, за различни држави процесот на евроинтегрирање на целиот регион или стои во место или бележи симболички напредок“, истакна тој. 

„Сево ова го говорам затоа што сметам дека во креирањето на нашите политики во однос на евроинтеграцискиот процес мора да го имаме предвид и поширокиот контекст, а не се да се сведува само на проблемот со Бугарија. Фактите говорат дека интеграциите во однос на целиот регион на Западен Балкан се во застој со повремени мали чекори. Според мене во овој момент не постои простор за поголем оптимизам ниту за наредните неколку години“, рече Црвенковски.

С.К.

Бранко Црвенковски Евроинтеграции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.