Борис Тот, со емотивна порака на Фејсбук, се прости од братот Денис Тот кој денес почина на КАРИЛ во Скопје.
Хрватскиот ракометар и член на Бутел почина на 27-годишна возраст, под сé уште неразјаснети околности.
– Прерано нѐ напушти, драг мој, почивај во мир. Ништо нема да биде исто без тебе, напиша на Борис Тот на Фејсбук.
Сочувство до семејството по повод смртта на Денис Хот изразуваат голем број македонски, хрватски, како и клубови и ракометари од целиот регион.