Братот на Камила, сопругата на Принц Чарлс и војвотката од Корнвол, Марк Шанд, починал како резултат на сериозна повреда на главата со која се здобил за време на пад.
62-годишниот Шанд бил во Њујорк, кога инцидентот се случил во вторникот вечерта.
Според њујоршката полициска станица, службата за итни случаи била повикана откако што паднал пред Роуз бар и го однела во Белви болницата, каде што тој бил прогласен за мртов во средата.
Г-дин Шанд, единствениот брат на војвотката, наводно паднал, додека палел цигара и со главата удрил на тротоарот надвор пред барот, додека се одржувала забава по добротворен настан.