Левичарскиот кандидат за премиер на Словенија, Аленка Братушек, изјави дека е постигнат договор за формирање на влада во коалиција со уште три партии.
„Политичката криза во нашата држава заврши”, посочи Братушек откако советот на предводен од нејзината партија, „Позитивна Словенија” се договори за потпишување на договор за формирање на коалиција со три други политички партии.
„Ветувам дека од денес ќе започне периодот на соработка, преговори и донесување на позитивни решенија”, истакна таа.
Аленка Братушек се очекува да биде првата жена на премиерската функција во земјата.