Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БРИКС основа свој монетарен фонд

0
By Нова ТВ on April 25, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ММФ наскоро нема да биде единствената организација на светот која може да даде меѓународна финансиска помош. Земјите на БРИКС ќе основаат алтернативни институции: сопствен монетарен фонд, развојна банка и заеднички девизни резерви. Сето тоа би требало да им помогне на земјите од БРИКС постепено да воспостават соработка бес посредство на доларот, јавува Руска реч.

Земјите на БРИКС постигнаа голем напредок во процесот на основање структури кои би претставувале алтернатива на Меѓународниот монетарен фонд и на Светската банка, со кои управуваат пред сè САД и ЕУ. Заедничките девизни резерви како замена за ММФ и Развојната банка на земјите на БРИКС како замена за Светската банка ќе профункционираат веќе во 2015 година, тврди претставникот за посебни прашања на Министерството за надворешни работи на Русија Вадим Луков.

Бразил веќе има подготвено проект-статус за Развојната банка, додека Русија ги подготвува меѓународните спогодби за нејзиното основање, објаснува дипломатот.
Покрај тоа, земјите на БРИКС веќе го договорија основниот капитал на новите структури. Тој за секоја од институциите ќе изнесува по 100 милијарди долари. „Во тек се преговори меѓу партнерите за учеството во иницијалниот капитал во износ од 50 милијарди долари и за локацијата на главната канцеларија“, изјави дипломатот. „Сите членки на БРИКС се заинтересирани главната канцеларија да се наоѓа на нивната територија“.

Се претпоставува дека Кина во заедничките девизни резерви ќе вложи 41 милијарда долари, Бразил, Индија и Русија по 18 милијарди, а Јужноафриканската Република 5 милијарди долари. Количеството средства е сразмерно со големината на националната економија.
За споредба треба да се каже дека количеството средства на ММФ, која се регулира во единиците на SDR (Special Drawing Rights, заеми со специјално право – вештачко безготовинско платежно средство што го емитува ММФ), денес изнесува 238.4 милијарди евра или 369.52 милијарди американски долари. Заедничките девизни резерви на земјите на БРИКС, секако, според количеството средства заостануваат зад ММФ. Но, 100 милијарди долари се сосема доволно за пет земји, додека во ММФ влегуваат 188 земји, на кои во секој момент може да им затреба финансиска помош.
Развојна банка на земјите на БРИКС
Земјите на БРИКС основаат и Развојна банка како алтернатива на Светската банка, со цел кредитирање проекти кои не се во интерес на САД и ЕУ, туку токму на земјите во развој.
Целта на банката е да ги финансира пред сè проектите во странство, а не домашни проекти. Своите проекти земјите можат и самите да ги финансираат. На пример, Русија во оваа насока располага со средства на Фондот за национална благосостојба.

Кина се подготвува активно да ѝ помага на Москва
Санкциите и заминувањето на западните инвеститори по украинската криза ќе ја натераат Русија сериозно да воспостави односи со источните соседи. Во среднорочна перспектива Азија може да биде главен пазар за продажба на руската стока и извор на капитал и технологија.
Кредитите на Развојната банка нема во толкава мера да бидат наменети за земјите на БРИКС, колку за инвестирање во инфраструктурните проекти на другите земји. „На пример, на земјите на БРИКС им одговара на некоја африканска земја да ѝ одобрат кредит за развој на хидроенергетика во која земјите од БРИКС можат да ја пласираат својата опрема или да се појават како изведувачи на работата“, објаснува стручњакот на Економската експертска група Иљја Прилепски. Ако кредитот го дава ММФ, опремата ја испорачуваат западните земји и тие ја контролираат работата.

Основањето на Развојната банка има исто така и политичка заднина, зашто им овозможува на земјите на БРИКС да ги реализираат своите интереси во странство. „Станува збор за политички потег, кој може да ја зајакне позицијата на земјите чии ставови американските и европските колеги често не ги земаат предвид. Колку овој сојуз ќе биде постабилен, а неговите позиции на меѓународните сцени појаки, толку ќе биде полесно да се штитат интересите на неговите членки“, смета раководителот на Одделението за аналитика на Инвестициската компанија „Golden Hills-КапиталЪ АМ“ Наталија Самојлова.

Но, создавањето алтернативни организации не значи дека земјите на БРИКС задолжително ќе ја напуштат Светската банка или ММФ, барем не на почетокот, додава Прилепски.
Заеднички девизни резерви

Освен тоа, заедничките девизни резерви на БРИКС претставува еден вид осигурување, посебен вид штедење во случај некоја од земјите на БРИКС да се соочи со финансиски тешкотии или со дефицит во буџетот. Во советско време тоа се нарекуваше „каса на заемна помош“, објаснува заменикот на генералниот директор на компанијата за консалтинг „HEADS“ Никита Куликов. Земјите кои се дел од оваа заедница една на друга си даваат осигурување.

Неопходноста од ваков вид заштеда може да се види по годинешнава ситуација: руската рубља доживеа пад на вредноста.

Заедничките девизни резерви можат да им дадат помош на земјите кога ќе се појават тешкотии со платниот биланс така што ќе го надополнат недостигот од екстерната ликвидност. Помошта може да се добие кога доаѓа до ненадејна несакана девалвација на националната валута или кога настануваат внатрешни проблеми како што е криза на банкарскиот систем. Доколку банките позајмиле многу готовина во девизи и не можат да ги вратат, тогаш заедничките девизни резерви можат да помогнат да се исплатат надворешните долгови.

Оваа институција треба да стане достојна алтернатива на ММФ, кој традиционално даваше поддршка на економиите во вонредни буџетски случаи.

„Голем дел од средствата на Меѓународниот монетарен фонд се користи за во кризни ситуации да се поддржи еврото или националните валути на развиените земји. Ако се земе предвид дека со ММФ управуваат западните земји, малку е веројатно дека оваа организација ќе ѝ даде помош на Русија во случај на тешкотии. Затоа воопшто не е лошо да се имаат заеднички девизни резерви“, тврди претставникот на МНР на РФ.

Заедничките девизни резерви исто така ќе им помогнат на земјите на БРИКС постепено да воспостават соработка без посредство на доларот, смета Наталија Самојлова. Секако, за тоа ќе биде потребно време. Засега е одлучено девизните резерви на земјите од БРИКС да бидат во американски долари. На тој начин, секако, се дава поддршка и на монетарниот систем на САД. Но, не треба да се исклучи можноста дека во скора иднина (земајќи ги предвид заканите на САД и на ЕУ за економски санкции против Русија) доларот може да биде заменет со рубљата и со други национални валути на земјите од БРИКС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

ВЕСТИ October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“, што ќе се одржи во Скопјe од 8.…

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.