НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел бесен на Полска, на чекор пред активирање на “нуклеарката”

1
By Светлана Јовановска on July 20, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

оПолскиот парламент денес го усвои законот за реформа на Врховниот суд. Реформа која, според опозицијата, е “вистински пуч” кој ги става во прашање демократските принципи на Полска ставајќи ја судската власт под контрола на ултра-конзервативната власт во земјата.

Брисел очекуваше ваков развој на настаните и покрај повеќемесечните предупредувања до Полска да ги крши принципите на демократската држава.

Првата реакција дојде од претседателот на Европскиот совет Полјакот Доналд Туск. Тој напиша соопштение на полски:

“Нашата заедничка цел е да се спречи најлошото сценарио затоа што тоа може да ја маргинализира Полска во ЕУ (…) Последните акции на партијата “Право и правда” се против вредностите и нормите на ЕУ и ја доведуваат во опасност репутацијата на Унијата.”

За прв пат во својата историја Европската комисија (ЕК) вчера отворено призна дека се наоѓа на само еден чекор од активирање на членот 7 од Европската повелба против Полска. Членот 7 го носи и името “нуклеарна бомба”. “Нуклеарката” на ЕК предвидува одземање на правото на глас во Советот на министрите за земја членка која “тешко и упорно ги крши европските вредности”.

Нуклеарниот член 7

И додека ЕК подготвува прекршочна постапка против Полска, потпретседателот на Комисијата Франс Тимерманс за прв пат вчера рече дека е сериозно загрижен на владеењето на правото во Полска:

“Ние сме блиску до активирање на членот ‘”, предупреди Тимерманс.

Комисијата бара од полските власти “веднаш да ги суспендираат новите закони и да отпочнат ангажиран дијалог” со Брисел и да дадат одговори на загриженоста на Комисијата која смета дека Варшава не ја почитува правната држава.

Загриженоста на Брисел се однесува на два законски текста и еден нацрт закон.

Првиот донесен закон се однесува на статутот на Националниот судски совет и предвидува итно отповикување на сите членови на Советот кои потоа се заменети со нови судии кои Парламентот ги избира со просто мнозинство.

Вториот закон предвидува промена на правилата на првостепените судови. Според законот, нивните претседатели можат да бидат отпуштени или вработени од страна на министерот за правда а законот не предвидува никаков контролен механизам.

Најпосле, неделава се разговара за нацрт закон за реформа на судството. Овој нацрт текст му дозволува на министерот за правда да има влијание врз Врховниот суд.

Комисијата одамна ја предупредува Полска дека судските реформи што ги прави “Право и правда” – десната партија на власт од 2015 година, претставуваат кршење на европските правила и дека ЕУ нема да дозволи такво нарушување на правната држава во една голема и значајна земја членка.

Верниот Дуда изненадува

Претседателот Дуда

Претседателот Дуда, иако верен член на “Право и правда”, вчера ги изненади сите и се закани дека тој ќе сопре последната судска реформа ако партијата на власт не ја повлече првата реформа која е веќе изгласана.

Шефот на државата побара од пратениците да размислат и самиот предложи кус нацрт закон во кој се вели дека членовите на Националниот судски совет мораат да бидат бирани со квалификувано мнозинство од три петини:

“Овој нацрт има за цел да спречи Националниот совет да биде под влијание на само една партија или една политичка група. Тоа е недозволиво”, изјави Дуда.

Брисел се надева дека Дуда ќе има успех во својата иницијатива и дека ЕК нема да мора да предложи активирање на членот 7. Примената на членот 7 треба да биде одобрена од сите земји членки на ЕУ. Унгарија на Виктор Орбан, земја која исто така е во постојана битка со ЕК поради непочитување на европските вредност, најави дека ќе постави вето.

Полска како ВМРО-ДПМНЕ, ги дели новинарите на патриоти и предавници

Дорота Баволек на прес конфренцијата на ЕК

Така пред една недела за предавник беше прогласена новинарката Дорота Баволек. Таа е дописник од Брисел за ТВ Полсат. Бурата се крена кога Баволек постави прашање на пладневниот брифинг на Комисијата во Брисел. Таа се изненади што портпаролот на ЕК одбиваше да даде коментар за контроверзната судска реформа во Полска.

Нејзиното прашање на брифингот во Полска беше претставено како предавство и “кодошење” на сопствената држава:

“Приватните медиуми, откако на власт дојде партијата “Право и правда”, зборуваат на најлош можен начин за промените во Полска и тоа го прават особено во странство”, коментираше “локалниот Латас” за ТВП Инфо.

И тоа е можеби “најблагата” критика која ја доби Баволек. Социјалните мрежи беа преплавени од навреди и смртни закани врз новинарката. Таа беше обвинета за “предавство”, “напад врз Полска”, обвинета дека “работи по порачка од опозицијата” а понекаде отворено наречена “проститутка”. Некои од овие навреди беа пренесени на социјалните мрежи од страна на високи функционери на партијата на власт.

Ова не е прв пат објективните полски новинари да бидат напаѓани од нивните колеги кои се претставуваат како “патриоти”.

Тимерманс: Остро ги осудувам заканите врз Баволек добиени затоа што ја работела својата работа

На овие напади реагираше дури и Тимерманс кој на Твитер напиша дека најстрого ги осудува нападите врз Баволек која само ја вршела својата новинарска работа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.