Спорот околу евентуалната испорака на оружје за бунтовниците во Сирија е главна тема на средбата на министрите за надворешни работи денеска во Брисел. На 1 јуни истекуваат досегашните санкции против Сирија.
Во моментов во ЕУ ембаргото за испорака на оружје е на сила и за за режимот на претседателот Башар ел Асад, но и за бунтовниците и најавите се дека може да биде продолжено само едногласно.
Но, Велика Британија бара да се дозволи испорака на оружје за бунтовниците, додека повеќето други земји-членки на ЕУ се спротивставуваат, стравувајќи дека со тоа би се поттикнала граѓанската војна во Сирија.
Според проценките на евро-дипломатите, нема проценки дали министрите ќе најдат компромис за продолжување на санкциите за Сирија и како тие би можеле да изгледаат.