Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел: На Хан му се брза, на Заев не

0
By Светлана Јовановска on June 10, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Средбата помеѓу македонските лидери, комесарот Хан и европскиот пратеник Иво Вајгл која започна утринава во 11.30 часот досега не може да се нарече успешна но може да ја носи придавката интензивна.

На разговорите присуствуваат и амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија Орав и Бејли.

Според дипломатски извор кој ги следи преговорите во Брисел, на масата е предлог за техничка влада и повлекување на Никола Груевски од премиерската позиција три месеци пред април 2016 година, времето на договорените идни предвремени избори. Во тој предлог има и понуда која вели дека влијанието на Груевски во тој предизборен период би било минимално без детали за тоа што тоа “минимално влијание” подразбира.

Истиот извор тврди дека двете страни цврсто стојат на своите позиции.

СДСМ смета, како што вели дипломатскиот извор, дека периодот од три месеци е прекус за да се воведе нов систем кој би можел да организира фер и слободни избори. Оставката на Груевски е првото барање на опозицијата од кое, како што сме информирани, таа не отстапува додека Груевски од своја страна не сака да ги напушти премиерското место пред крајот на оваа година.

Според нашите информации, комесарот Јоханес Хан инсистира вечерва да се дојде до договор и неговата примена да почне што е можно побрзо. Но, лидерот на опозицијата, како што изјави утринава, смета дека не треба да се брза.

Од сите присутни на средбата само лидерот на опозицијата даде изјава при влегувањето на состанокот во која тој го повтори својот став дека тој нема да отстапи од барањето за преодна влада во која нема да има место Никола Груевски.

– Се надевам дека денеска ќе сфати Европската Комисија. Ако и денеска не сфати, можеби после 10 дена ќе сфати, или после 20, но апсолутно немаме кај да брзаме. Знаеме дека е важно да добиеме позитивна препорака од ЕК, но пред се, и над се, мора да имаме слободна и демократска земја, додаде Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не даде изјава и не е сосема јасно кои се барањата на владеачката партија освен тоа што се согласиле за избори во април 2016 година како што беше договорено во Скопје на 2 јуни. Од информациите што пристигнаа од преговорите, Груевски се согласува да се повлече од премиерската функција на три месеци пред предвремените избори.

Утринава Хан на Твитер напиша дека денеска е круцијален ден за политичките лидери на одржлив начин да ја решат политичката криза а непосредно пред стартот на средбата тој изрази надеж дека денеска ќе биде убав ден за иднината на земја.

Последните неофицијални информациите најавуваат дека средбата била прекината помеѓу 21 и 22 часот за да се остави време за вечера. Средбата би можела да трае до доцна во ноќта.

НОВА останува во Европската комисија до крајот на преговорите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.