Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брисел: Препораките треба да се претворат во акција

0
By Светлана Јовановска on July 19, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Ги видовме извештаите за оставката на професорот Давитковски, претседателот на истражната комисија. Мислиме дека беше направен напредок и оттука важно е работата да продолжи за да се дојде до заедничко прифатливо решение и препораки како да се оди понатаму“, изјави денеска за НОВА, Петер Стано портпаролот на Штефан Филе, еврокомесарот за проширување на ЕУ.

„Препораките треба да се претворат во акција за да донесат до позитивна политичка агенда. Европската комисија и понатаму ќе продолжи да дава совети и ескпертиза“, порачува Стано.

>>Филе загрижен за имплементирање на договорот од 1 март

Денеска претседателот на Анкетната комисија Борче Давитковски ја депонираше оставката кај претседателот Иванов. Но, не дошло до средба со претседателот – тој едноставно не бил во Кабинетот и не го информирал Давитковски.

>>Не дошло до средба Давитковски-Иванов

Како што е познато, во април Европската комисија најави дека препорачува старт на преговори за Македонија, но таа препорака е условена со резултати од мартовскиот договор помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, препораката зависи директно од тоа дали ќе се формира анкетната комисија за расчистување на инцидентите од 24 Декември, дали ќе се продолжи дијалогот со новинарите и склучувањето на меморандумот за соработка помеѓу партиите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.