Лидерите на ЕУ започнуваат самит во Брисел во обид да се дојдат до договор за потрошувачката за следните седум години. Големите издатоци на Унијата во време на штедење и смалување на трошоците во Европа е главната тема која е предмент на поделби на 27-те земји членки.
Минатиот ноември тие не дојдоа до компромис. Според анализите на уредникот за Европа на Би-Би-Си Гејвин Хјуит, на самитот ќе има барања за резови во администрацијата на Унијата.
Каков и да биде договорот на лидерите, следниот чекот е ЕП, а евро-пратениците се големи поддржувачи на трошењето.