Три лица се застрелани во Еврејскиот музеј, во белгискиот главен град Брисел, изјавуваат официјални лица на кои се повикува Би-Би-Си.
Четвртиот човек е сериозно повреден, изјави службата за итни случаи.
Белгискиот радиодифузер RTBF објави дека пукањето се случило внатре како и надвор од музејот.
Вицепремиерот Дидие Рендерз, кој беше еден од првите луѓе кои пристигнаа на местото на настанот, изјави дека е шокиран од нападот.
“Слушнав истрели од огнено оружје, веднаш дојдов тука и ги видов телата како лежат на земја”, рече тој.