Поранешниот уредник на таблоидот “News of the World”, Енди Коулсон е осуден за телефонско прислушкување, додека неговата колешка Ребека Брукс лондонскиот суд ја ослободи од обвиненијата.
Тројца други обвинети во случајот, меѓу кои сопругот на Брукс исто така беа ослободени.
Коулсон и Брукс беа обвинети за прислушкување на телефоните на познати личности, политичари и ѕвезди во периодот помеѓу 2 000 и 2006 година.
Поради скандалот сопственикот Руперт Мердок го затвори таблоидот, а се спроведе и криминална истрага при која беа уапсени дузина новинари и официјални лица
Британскиот премиер Дејвид Камерон по осудата на Коулсон се извини што го вработил да му биде шеф за односи со медиумите, функција која ја извршуваше од 2007 до 2011 година.