Шест новинари од сега веќе непостоечката News of the World која беше во сопственост на медиумскиот барон Руперт Мурдок, се уапсени од страна на полицијата која ги истражува наводите на телефонски хакирање на весникот, јавува Би-Би-Си.
Скотланд јард изјави дека случајот е поврзан со хакирање во 2005-2006 год.,и е сосема различно од претходното а новинарите ги испрашуваат за сомневање во заговор на прислушкување на телефонски разговори, спротивни од Актот на криминален закон од 1997 год.
Освен тоа, полицијата ќе ги контактира луѓето за кои се верува дека се жртви на сомнителните прислушкувања.